-Ја гледаш онаа у црно што игра пред нас? – ме праша еден од пријателите што беше од мојата десна страна.
-Ахам – мрзливо возвратив отпивајќи голтка од пивото.
-Добра е.. – брзо возврати Марк.
Иако ни беше свртена со грб нејзиното тело ветуваше совршен изглед.Околу неа се наоѓаше куп други девојки и неколку момчиња кои постојано се смееа. Се сконцентрирав на неа, девојката во црно, и внимателно ги следев нејзините движења.Се движеше во ритам со музиката.Марк сеуште зборуваше нешто,но јас не обврнував внимание на тоа. Сеуште ја посматрав девојката во црно.
Можеби ја гледав повеќе од пет минуту, но таа ниту еднаш не се заврте. Не бев нешто посебно заинтересиран, но кога веќе успеа да ми го сврти вниманието би сакал да знам како изгледа. Со нетрпение ги следев нејзините чекори и очекував да се сврти барем на кратко.Како што ја отпивав последната голтка од пивото таа се сврте.Ја видов и пивото веднаш ми застана во грлото.
-Беше моја.. – тивко шепнав..
-Умм? Дали рече нешто? -Марк ми посвети поголемо внимание..
-Беше моја..
-Твоја? Ја познаваш?
-Да,ја имав за себе барем на кратко..
-Што сакаш да кажеш?
-Па,беше моја пред неколку месеци,а потоа…
-Бевте заедно? Што се случи? Објасни ми убаво..
-Не,само излегувавме,се видувавме,бевме пријатели…Ја имав нешто помалку од три месеци а потоа и дозволив да замине…
-Да замине? Те напушти?
-Не,јас бев тој што ставив крај на се,јас ја одалечив од себе… всушност денес и е роденден,станува една година постара,а воопшто не личи на своите години..
-Би рекол дека е една година помлада од нас,најмногу би и дал 20…
– Грешиш брат,само 16..
-Не е множно..изгледа постаро..
– И размуслува како некој дупло постар од неа..
-Ајде сега кажи ми убаво што се случи..
-Беше млада,неискусна..но сепак беше многу паметна и позрела од својата возраст.. Јас ја имав на кратко,ти реков скоро три месеци.Во тоа време не бев спремен за нешто повеќе од само забавување и глупирање до доцните часови,па морав да и побарам да ми вети дека нема да се вљуби во мене..ми вети и си стоеше до ветувањето.Барем така мислам..После третата недела почнав да мислам на неа цело време,не можев да престанам да се сеќавам на моментите поминати заедно..но не бев спремен и ја оттутнав подалеку од мене..лажејќи ја дека сум нашол некоја и дека сум среќен со неа..иако не беше вистина таа ми поверува и ми посака се најдобро и ме увери дека тоа го мисли..а со тоа уште еднаш докажа дека е позрела за своите години..- направив голема пауза, – Знаеш кога ја читав нејзината порака во која ми посакува се најдобро и дека заслужувам да бидам среќен посакав таа да беше девојката а останатите да ми честитаат за тоа.Ама бидна што бидна..
-Но зошто го направи тоа? Зошто не ја искористи приликата?
-Не сакав да ја повредам,беше млада. Не можев да замислам дека јас ќе бидам причина за нејзината тага.Не можам да ја направам тажна и несреќна,не можам да гледам дека лее солзи поради мене.А и не сакав јас да излезам повреден.Но јас во тој момент не бев битен,таа ми беше најважна.Полека се вљубував додека излегувавме и не можев да гледам во неа знаејќи дека еден ден ќе треба да биде далеку од мене.Но кога бев сам навечер пред спиење подобро ми изгледаше да ја гледам со некој друг и после да помине се,отколку да ја гледам тажна и да жалам поради тоа заспивајќи со грижа на совеста.А и годините,не беше некој голема разлика но сепак не беа малку..всушност разликата беше голема во начините на размислување.Иако бев постар од неа,таа размислуваше многу позрело од мене.
-Заради тоа ја турна далеку од себе?
-Па да. Има уште нешто..Не бев спремен за врзување,не сакав нова врска,нов почеток со некоја нова личност..Се плашев што може да се случи после прекинувањето на таа врска,не сакав пак да застанам во времето и после да брзам за да се вратам во сегашноста.А се појавуваше некоја емоција кон неа,па мислев ако престанам да се видувам со неа,ако престанам да ја имам само за себе барем за половина час,ќе престане таа емоција,ќе згасне и ќе биде се како порано,пред да ја запознам неа.Но тоа не се случи.Дури откако и реков дека имам друга почнав да го сфаќам нејзиното значење,но беше доцна и имаше многу причини да не ја побарам повторно и да и ја речам вистината.
-Но пропуштента шанса боли повеќе од скршено срце..нели и ти самиот ми го кажуваше тоа?
-Да,но јас зад себе имав добра причина да му дозволам на овој воз да замине без мене и да го чекам следниот надевајќи се дека тоа ќе биде оној што ми е потребен.Задоволен сум со тоа што ја имав за себе барем на некој период и многу научив од сето тоа.
-Но зошто сега не и кажеш што всушност било вистина?
-Па да направам уште поголеми проблеми? Можеби има некој друг и е среќна со него и сигурен сум дека веќе заборавила на мене и не чувствува некоја омраза кога некој ќе ме спомне. Не сакам да пробам да разгорам оган од нешто што одамна се претворило во пепел.И мислам дека сега е доцна да дознае дека таа беше најдобрата работа што ми се има случено во овој живот.